Објавено на:

Бајден го забрани увозот на збогатен ураниум од Русија

t

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша закон со кој се забранува увоз на збогатен ураниум, односно нуклеарно гориво за производство на електрична енергија во нуклеарните централи во Соединетите Американски Држави од Русија.

Оваа забрана за нуклеарно гориво ќе стапи на сила за околу 90 дена, но на Министерството за енергетика на САД му е дозволено да одобри исклучоци до 2027 година, во случај да има загриженост за недостиг на гориво, пренесува Ројтерс. Нацрт-законот, исто така, овластува 2,7 милијарди долари за финансирање на изградбата на американската индустрија за нуклеарно гориво, чии 24 отсто од збогатениот ураниум што се користи во нуклеарните централи доаѓа од Русија.

„Претседателот Бајден донесе историска серија акции кои ќе ја зајакнат енергетската и економската безбедност на нашата земја со намалување и на крајот елиминирање на нашата зависност од Русија“, рече советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан.

Тој потсети дека тоа е закон со кој се исполнуваат мултилатералните цели што САД ги истакнаа во декември минатата година со Канада, Франција, Јапонија и Велика Британија за заедничка инвестиција од 4,2 милијарди долари за зголемување на капацитетот на тие земји во користењето ураниум. . Рускиот амбасадор во Америка Анатолиј Антонов оцени дека овој закон ќе создаде шокови во меѓународната економија, но дека нема да ги донесе посакуваните резултати.

„Ќе биде нарушена деликатната рамнотежа меѓу извозниците и увозниците на ураниум, пишува на каналот Телеграм. Животот потврди дека руската економија е подготвена за секакви предизвици и дека брзо реагира на тешкотиите, дури и извлекувајќи профит. Тоа ќе биде случај и овој пат“, се вели во соопштението на руската амбасада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…