Објавено на:

Филмско бегство: Нападнат полициски конвој во Франција има загинати – превезувале затвореник кој побегнал со напаѓачите

t

Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени во напад на полициски конвој кој превезувал затвореник во Франција, пренесуваат медиумите во регионот.

Нападот се случил околу 11:00 часот во близина на наплатна рампа во Ере, департман на северот на Франција.

Според француските медиуми, напаѓачите избегале со затвореникот кој бил во конвојот.

Избеганиот затвореник е познат по прекарот „Мува“, а е осуден за кражба и провала.

Нападот, во кој учествувале неколку вооружени мажи, се случил на наплатната рампа на автопатот А154 околу 11 часот, пишуваат медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сајбернапади кај надворешни добавувачи на „Џеј Пи…

„Џеј Пи Морган Чејс“, „Виза“ и „Мастеркард“…

„Аксиос“: Трамп разгледува нов напад врз Иран,…

Белата куќа побарала од Пентагон и од…

Надлежните одржаа координативен состанок за решавање на…

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,…

Мицкоски: Македонија е на иста маса со…

Премиерот Христијан Мицкоски даде изјава од Берлин,…