Украинската армија се повлекува од некои области на северниот фронт, во областа Харков
Украинската армија најави дека мора да се повлече од одредени области на северниот фронт, во областа Харков, каде што Русија започна нова офанзива на 10 мај.
Во соопштението на украинскиот Генералштаб објавено синоќа, се наведува дека армијата ги променила позициите во областите кај Лукианац и Вовчанск.
„Како одговор на непријателскиот оган и пешадискиот напад, нашите единици се префрлија на поповолни позиции со цел да ги спасат животите на нашите војници и да избегнат жртви“, соопшти Генералштабот на социјалните мрежи.
Руското Министерство за одбрана инфорираше дека руските сили синоќа неутрализирале 17 украински беспилотни летала чија цел било уништувањена складиште за гориво во Ростовската област, на југот на земјата, каде што се наоѓа воениот штаб на руската операција во Украина.
„Во текот на ноќта беа спречени неколку обиди на режимот во Киев да изврши терористички напади врз цели на територијата на Русија“, се вели во соопштението на Министерството.
Руските одбранбени системи пресретнаа и уништија 17 беспилотни летала во неколку погранични региони на Украина, како и десет ракети АТАЦМС над полуостровот Крим, се додава во соопштението.
Во Ростовската област, два дрона оштетија складиште за гориво и предизвикаа експлозии, објави локалниот гувернер Василиј Голубев на Телеграм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…