Објавено на:

Трајков од Брера за рекордно обештетување заминува во Украина!

t

Брера Струмица се пофали со трансфер на Димитар Трајков во ФК Полисја од Житомир, Украина, се работи за соборување на клупскиот рекорд кога е во прашање продажбата на играчи.

Од Брера не соопштија за која сума станува збор, само потенцираа дека се работи за најголемиот трансфер во историјата на клубот.

„Димитар Трајков ќе стане нов играч на ФК ,,Полисја“ од Житомир Украинa, откако успешно ги заврши медицинските прегледи во овој град и го потпиша преддоговорот со новиот клуб. Трајков во редовите на ,,Полисја“ ќе премине за рекордно обештетување во историјата на некогашна Академија Пандев, денес Брера Струмица. Младиот напаѓач после направените прегледи во Украина и ставениот потпис на преддоговорот, се враќа во Струмица за да се поздрави со своите колеги и соиграчи и на 1 јули ќе се придружи на новата екипа во Украина на подготовките за новата сезона“, се вели во соопштението на Брера.

Трајков вели дека е среќен поради трансферот и се заблагодари на Горан Пандев и луѓето од Брера.

„Среќен сум што станувам нов играч на „Полисја“. Во овие три дена се уверив дека овој клуб е вистинскиот за продолжување на мојата кариера и дека овде сериозно ќе сметаат на мене во иднина. Но сепак, се зависи лично од мене. Јас сум подготовен да работам многу повеќе и да го дадам максимумот за новиот клуб. Благодарен сум на Горан Пандев и сите луѓе од ФК Брера Струмица за убавите поминати години во Струмица“, вели Трајков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…

Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…

И по 23 години од случувањата на…