Кацарска добивала закани и претходно, но не пријавила

t

По поставените прашања од повеќе медиуми Уставниот суд потврдува дека во текот на вчерашниот ден претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во полициска станица пријави евентуално загрозување на сигурноста, откако на нејзиниот приватен паркинг, во близина на нејзиниот дом, на место каде што се наоѓа нејзиниот личен автомобил е најден нож до прекинувачот за струја кој го осветлува делот околу нејзиниот паркинг и некои други предмети.

Што се однесува до прашањата дали станува збор за некаква закана, порака до претседателката Кацарска или се работи за случајност очекуваме одговорите да ги даде истрагата.

Во однос на прашањата дали имало закани досега, претседателката Кацарска потврдува дека имало повеќе непријатности во јавноста и ситни инциденти изминатиот период кои не се пријавени, закани преку социјалните мрежи, но на нејзино лично инсистирање, не дозволи да се реагира се до вчерашната пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе му ја отвори ли можноста Добрила…

Македонија се наоѓа пред нова Уставна криза…

Северна Кореја сепак ќе ја снабдува Русија…

Северна Кореја одлучи да почне да ја…

Уапсен охриѓанец – Се заканувал на странски…

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал…

Кина нема да ја откаже поддршката за…

Кина не се подготвува да ја откаже…

САД ова не го очекуваше: Кина со…

Кина ќе ги заштити своите компании и…