(Видео) Палевски со необележан полициски конвој од аеродромот во Скопје пренесен во Шутка

t

Љупчо Палевски со необележан полициски конвој под силна полициска придружба веќе е на пат кон истражниот затвор во Шутка. Како што можете да видите на видеото неколку возила кои немаа полициски обележја беа искористени за пренесување на Палевски.

Полека пред аеродромот во Скопје се расчисти и засиленото полициско присуство, а на снимките на Инфомакс можеше да се забележат и полициски хеликоптери како и специјалци од специјалната единица Тигри кои ја обезбедуваа екстрадицијата на Палевски.

Во притворскиот затвор во Шутка месец и пол била спремна посебната соба за Палевски. Тој ќе биде под посебно обезбедување, во засебна ќелија преку која се доаѓа преку посебен ходник.

Првин ќе биде прегледан од лекар за да не има повреди, односно ќе му се направи детален медицински преглед. Храната ќе му биде посебно проверувана, а еднаш во денот на одредена минутажа ќе шета на сам, на посебен отворен простор врзан за засебната ќелија. Нема да јаде и да се шета со другите притвореници, од безбедносни причини.

На 30 април Министерството за правда соопшти дека Турција дозволи екстрадиција на Палевски после повеќе од 6 месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цело Скопје мириса на чад, реагираат граѓани…

Повеќе од два часа главниот град е…

Гори комбе во Кисела Вода во близина…

Гори комбе на улицата Ѓорѓи Сугаре, во…

„Венко е сосема одлепен од реалноста, она…

„Филипче на денешната прес-конференција, ги повтори трите…

(Фото) Исплашено и заробено меѓу огнот: Пожарникари…

Во борбата со големиот пожар што беснее…

(Видео) Зеленски до Путин: Ја сакавте цела…

Украина денес ја слави 35-годишнината од својата…