Јанаки раскажува за траорна случка: Постар колега адвокат починал среде суд – ова се деталите
Адвокатот Јанаки Митровски преку својот фејсбук профил сподели трагична информација, дека во самиот Граѓански суд, практично на судење, починал негов колега адвокат.
„Бев сведок на исклучително непријатна ситуација. Чекајки судење на прв спрат во скопскиот граѓански суд во девет наутро, одеднаш се слушна силен тресок, и колега адвокат падна на земја пред мои очи. Притрчавме повеќе луѓе, го полија со вода но колегата помодре на ликот и не даваше значи на живот. Друг колега не можеше да му најде пулс. Викнаа брза помош која, секоја чест, дојде за шест минути, но за жал не успеаа да го реанимираат и човекот си почина на работното место. Лесна му земја.
Навистина сакам да алармирам, мимо сите гнусни стереотипи околу адвокатурата, дека се работи за исклучително стресна професија која секојдневно зема данок. Баталете ги предрасудите дека отвараш канцеларија и пари врнат, реалноста е дијаметрално спротивна и адвокатскиот леб е многу горчлив.
Воедно сакам и да апелирам на постарите колеги и колешки( починатиот колега имаше 68-70 години) дека нема потреба да се работи до смрт. Лично немам никаква намера да работам адвокатура после моите педесет и две-три години.
Премногу се вознемирив, и сеуште сум, вечна му слава на колегата и сочуство до семејството“, пишува меѓу другото Митровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…
Претставници на Шкендија Арачиново беснееле во соблекувалната…
Фудбалската федерација на Македонија се огласи по…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Расте бројот на пациенти кои бараат помош…
На Клиниката за психијатрија во првите седум…