Детали за несреќата на Кирил Петков: Загина возач, две лица се повредени и надвор од животна опасност
Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајка во која учествувал автомобилот на копретседателот на „Продолжуваме со промената“ и поранешен премиер на Бугарија, Кирил Петков, потврди бугарското МВР.
Автомобилот во кој се движел Петков удрил во 17 часот и 30 минути во близина на селото Варна Аксаково. Лидерот на ПП не е значително повреден во инцидентот.
Несреќата била предизвикана од ненадејно излетување на автомобил без првенство на минување. Во автомобилот на Петков патувале четири лица, а во другиот две лица на возраст од околу 60 години.
Возачот на цивилниот автомобил починал на лице место. Две лица се повредени и тие се пренесени во болницата „Света Ана“ во Варна. Еден пациент е 58-годишна жена со комбинирана траума и во тешка состојба, информираат од прес-центарот на болницата за БГНЕС. „Засега не можеме да кажеме дека нејзиниот живот е надвор од животна опасност“, соопшти ПР на болницата. Другиот повреден е возачот на автомобилот на Петков. Има 37 години и состојбата е добра.
НСО ја потврди несреќата. „Службата за национална безбедност дава целосна помош на Министерството за внатрешни работи и на надлежното воено окружно обвинителство за расветлување на фактите и околностите околу инцидентот“, соопшти НСО.
Кон местото на настанот се упатиле обвинител и истражител за увид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петков им изрази сочувство на роднините на…
„Автомобилот со кој вечерва одевме за Варна…
Украина распиша потерница по рускиот патријарх Кирил
Министерството за внатрешни работи на Украина објави…
Патријархот на РПЦ Кирил „Злото“ ѝ се…
Не може да има „пасивен став“ кога…
Петков: Францускиот предлог е најдобар, утре одново…
Владата во Бугарија попладнево заседавала и е…
Бугарската легенда Петков: Не сакам ни да…
Легендарниот голман на Бугарија, Георги Петков не…