Објавено на:

САД: Владата ја категоризира марихуаната како помалку опасна дрога, луѓето кои користат или ја поседуваат нема да одат во затвор

t

Американската Влада одлучи да ја категоризира марихуаната како помалку опасна дрога, што значи дека луѓето кои користат или ја поседуваат веројатно нема да одат во затвор во иднина.

– Премногу животи се превртени наопаку од нашиот неуспешен пристап кон марихуаната. Министерството за правда го прави следниот чекор за прекласификација на марихуаната од категорија еден во категорија три според федералниот закон, напиша американскиот претседател Џо Бајден на социјалната мрежа Икс.

Во САД наркотиците се класифицирани во пет различни категории. Досега марихуаната или канабисот беа во првата, а со тоа и најстрогата категорија, која вклучува хероин и ЛСД. Американската Влада сега побара марихуаната да биде вклучена во третата категорија. Како резултат на тоа, марихуаната ќе биде на исто ниво со стероиди или парацетамол.

Американските медиуми ја означија таа прекласификација како историска. Со прекласификацијата се признава медицинската употреба на канабисот, но целосна легализација низ државата за приватна употреба не е планирана. Марихуаната е веќе легална за рекреативни и медицински цели во повеќе од 20 американски држави, а само за медицински цели во повеќе од десетина други држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ритуал за прием со тепање, нацистички поздрави…

Бугарските власти разбиле неонацистичка организација, која се…

70.827 денари e минималната синдикална кошничка за…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември…

Во македонските затвори се магистрира и дипломира…

Адвокатот Драган Пешевски со став дека затворскиот…

Пријавиле индустриска, а увезувале нејодирана сол: Царината…

Царинските службеници спречиле обид за нелегален увоз…

Пронајден кокаин во простории на 47-годишник од…

Вчера, полициски службеници од ОВР Струга го…