Красниќи во Македонија ќе треба да издржи 14-годишна затворска казна
МВР соопшти дека денеска полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го завршија процесот на екстрадиција од Косово во Македонија на братот на Агим Красниќи, Бесим Красниќи.
Тој се бараше со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам и спроведен е во затворот „Идризово“.
Красниќи треба да издржи две затворски казни од шест и осум години, односно вкупно 14 години, а досега не издржал ниту една.