Објавено на:

Радев: Патот на Македонија кон Брисел минува низ Софија

t

„Отсекогаш сум ги поканувал претседателите на РМ да дојдат во Бугарија, бидејќи нивниот пат до Брисел минува преку Софија. Се надевам дека тамошните политичари сфатија дека изборната кампања е завршена и ако нивните деструктивни разговори и однесување се претворат во вистински дејствија, тоа ќе значи туркање на нивната земја во изолација“. Вака денеска изјавил бугарскиот претседател Румен Радев коментирајќи ги последните пораки од Македонија, одговарајќи на прашањето дали би ја поканил неговата нова македонска колешка Гордана Силјановска-Давкова на средба во Бугарија.

Шефот на бугарската држава изразил очекување дека секој политичар кој ќе ја претставува Бугарија во Европскиот совет ќе го брани бугарскиот национален интерес.

„Очекувам да разберат дека Бугарија, Грција и ЕУ им порачуваат дека меѓународните договори мора да се почитуваат. Преговорачката рамка мора да се спроведе“, ни порачал Радев.

Тој потсетил дека прашањето меѓу Бугарија и Македонија веќе не е билатерално, туку европско.

Северна Македонија не смее да заборави дека е земја-кандидат и не може да им наметнува услови на земјите-членки. Не може да ги ревидира меѓународните договори, бидејќи тоа ја означува како земја која не го почитува меѓународното право“, истакнал Радев во изјава за бугарските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…

Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…