Уапсена вработена во МВР – фатена со над 10.000 евра измама!

t

Овластено службено лице вработено во МВР фатено на лице место со над 10 илјади евра од извршено кривично дело Измама.

– На ден 17.05.2024г. лицето И.М. вработено како Виш аналитичар во СВР Скопје, лишено е од слобода под сомневање за сторени кривични дела измама предвидени по чл. 247 од КЗ.

Имено, од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со Одделот за криминалистичка полиција се постапуваше по пријава од три оштетени лица и на ден 17.05.2024 година наведеното лице е фатено на лице место во моментот на примопредавање на 12 500 евра, претходно криминалистички обработени кои ги прибавила за наводно посредување за добивање на социјални станови од Б категорија, соопштија од МВР.

Во врска со кривичното дело извршен е претрес во службените простории кои ги користела пријавената при што е пронајдена пообемна сомнителна документација која е поврзана со кривичното дело во вид на разни документи за кои постои сомневање дека се фалсификувани, разни договори за позајмици, договори за посредување за доделување на социјални станови, имотни листови, како и тефтер со ракопис во кој е водена евиденција за лица за кои биле вршени определени работи.

Исто така, при извршен претрес во дом и други простории кои ги користи лицето И.М. лоцирани во Општина Сарај, беше пронајдено и огнено оружје со шест парчиња муниција кое оружје и муниција најверојатно ги поседува без дозвола, за што известено е и Одделението за недозволена трговија со оружје при СВР Скопје заради преземање на дополнителни мерки.

МВР и понатаму продолжува со преземање на мерки и активности насочени кон испитување на евентуална поврзаност на наведеното лице со други високи полициски службеници, потенцираат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Автомобил се преврте на Стража

Снег синоќа паѓаше на повеќе места низ…

(Фото) Патиштата проодни и чисти, укинати забрани…

Јавното претпријатие за одржување и заштита на…

Јанаки: Маносфера, Ендру Тејт wannabe мажиња кои…

Синоќа на скопските клиники, во животно загрозувачка…

Ѓорѓиевски: Скопјани ќе имаат единствена голема прослава…

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје, во…

Балканот зафатен од снег и ветер, во…

Повеќе делови од Балканот денеска се зафатени…