Објавено на:

Нова заканувачка изјава на Медведев: НАТО нѐ тера да ја освоиме цела Украина, а можеби и Полска

t

Во случај Украина да користи ракети со долг дострел за напади на руска територија, „санитарна зона“ би можела да помине и низ територијата на Полска, предупреди заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев.

„Ако вака продолжи, безбедносната зона ќе биде некаде на границата со Полска или дури и во самата Полска“, напиша Медведев на Телеграм. Ракетите „Storm Shadow“, кои Западот му ги доставува на Киев, имаат дострел на напад од најмалку 550 километри, а растојанието меѓу Белгород и Киев е 429 километри, потсети Медведев. „Се чини дека моронските стратези на НАТО отворено сакаат речиси цела Украина да биде под контрола на Русија. Затоа на луѓето од владата на Бандер им даваат оружје со зголемен дострел“, заклучи Медведев и ги повика западните лидери да го „пресметат опсегот“ на ударите од оружјето што му беше доставено на Киев.

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека заради безбедниот живот на руските граѓани, т.н санитарна зона, односно безбедносна територија од која непријателската војска не можела да ја нападне територијата на Русија, пренесува РТ Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Романија крена НАТО ловци откако дрон влезе…

Романија активираше НАТО борбени авиони откако дрон…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

НАТО до Иран: „Подготвени сме да се…

НАТО испрати јасна порака до Техеран дека…

ВЛЕН: Орхан Муртезани ја презема амбасадорската должност…

Назначувањето на Орхан Муртезани за амбасадор и…