Герапетритис: Граѓаните на Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

t

По низата предупредувачки пораки од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис до новата влада во Македонија за не почитување на договорот од Преспа, сега со своја порака се јави и министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, кој во денешното интервју во Реал Њуз вели дека неопходно е доследно и целосно почитување на Договорот од Преспа.

Според него, доколку не се почитува договорот одбосинте меѓу Грција и Мкедонија ќе бидат во опсаност.

– Граѓаните на „ Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција и европската перспектива на земјата.“ – вели Јоргос Герапетритис- министер за надворешни работи на Грција.

Во однос на тоа што Грција, трите меморандуми сè уште не ги ратификува во грчкиот парламент, Герапетритис кажа дека ќе ги донесат во соодветниот политички момент и повтори дека ратификацијата зависи од доследното и целосното спроведување на Договорот од Преспа, бидејќи, како што нагласи, освен прашањето за уставното име, постојат и други суштински нерешени прашања.

– Реалноста е дека сакаме да ги донесеме меморандумите за ратификација, бидејќи и ние во принцип се согласуваме со европскиот пат на Македонија. Меѓутоа, ова не може да се случи доколку не постои целосно и опипливо усогласување со Договорот од Преспа. Да не заборавиме дека имплементацијата на Договорот е јасен предуслов за интегративниот процес на Македонија. – вели Герапетритис.

Тој ја коментира и рекацијата на Атина по инагурацијата на македонската претседателка Силјановска Дафкова за која вели дека била брза и ефиксна, бидејки политичкото раководство во Македонија веќе било под внатрешен притисок.

– Политичкото раководство на Македонија веќе е и под внатрешен притисок. Министерството за надворешни работи на земјата излезе со соопштение дека треба да има целосно почитување на договорот од Преспа и уставното име на државата, а Министерството за правда, инаугурацијата ја карактеризираше како неважечка. Се подразбира дека на сите меѓународни форуми ги покренуваме прашањата за почитување на Договорот од Преспа и бараме негово доследно спроведување. – вели Герапетритис.

Од друга страна пак, лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис му порача дека доколку договорот од Преспа го сметаат како предавнички, ова им шанса да го поништитат, но нема да го сторат тоа, бидејќи Договорот е она што го посакувавале како партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски на завршниот митинг во Брвеница: Филипче…

Изборите во Брвеница се и порака за…

Северна Кореја тестираше нов торпедо опремен со…

Северна Кореја успешно тестираше подводен систем со…

(Видео) Супертанкер со повеќе од два милиони…

Силна експлозија и голем пожар зафатиле супертанкер…

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Еротеј

Другар на Св. Дионисиј Ареопагит. Верата ја…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува…