(Видео) Се слушаат врисоци пред несреќата: Објавено видео од хеликоптерот со иранскиот претседател пред падот
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа Раиси во друштво на иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.
Според локалните медиуми, лошите временски услови ги попречуваат напорите на спасувачките тимови да стигнат до местото на наводниот пад на хеликоптерот во кој се наоѓал иранскиот претседател Ебрахим Раиси.
Иако екипажот на хеликоптерот успеал да повика помош пред падот, повикот наводно бил прекинат по неколку секунди, проследен со врисоци.
Снимка од полетување од Азербејџан и патување со три хеликоптери
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа Раиси во друштво на иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан за време на полетувањето од Азербејџан.
Важно е да се напомене дека иранската делегација патуваше со три хеликоптери, а пред несреќата Раиси учествуваше на церемонијата на пуштање во употреба на хидроцентралата Худаферин и отворањето на хидроцентралата Гиз Галаси изградена на реката Араз заедно со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев. .
Лошото време се очекува дополнително да ја усложни потрагата и да ги забави спасувачките напори, додека локалните медиуми се уште активно се занимаваат со известување за деталите за оваа трагична несреќа.
На терен се испратени дури 16 спасувачки екипи, а се уште нема сигурни информации што се случило.
Иранската Прес ТВ објави дека Раиси бил во еден од трите хеликоптери и дека еден „насилно“ се спуштил на земја поради лошите временски услови.
Раиси отпатува во иранската провинција Источен Азербејџан.
Меѓу патниците на хеликоптерот, освен Раиси, биле и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан, гувернерот на Источен Азербејџан Малик Рахмати и уште неколку лица, јави ИРНА.
— Pluton (@Pluton45873221) May 19, 2024
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…