Објавено на:

Ирак и Азербејџан нудат помош во потрагата по хеликоптерот на Раиси, САД со внимание ги следат деталите за несреќата

t

Во отежнати временски услови трае потрагата по хеликоптерот во кој се превезуваше иранскиот претседател Ебрахим Раиси и неговите соработници. Официјалните претставници на Иран информираат дека спасувачките екипи се уште не можат да стигнат до местото на несреќата. Врховниот духовен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи одржа итен состанок на Советот за безбедност и преку државната телевизија порача дека нацијата треба да се моли за здравјето на Раиси.

Во потрагата се ангажирани повеќе од дваесет спасувачки тимови и беспилотни летала, а пораки за помош и поддршка испрати Ирак, како и претседателот на Азербејџан Илхам Алиев.

Алиев истакна дека се моли за Раиси и оти е длабоко шокиран од веста за хеликоптерската несреќа, по нивната денешна средба.

„Откако пријателски се збогувавме со претседателот на Исламската Република Иран, Ебрахим Раиси, бевме длабоко вознемирени од веста за хеликоптерот со главната делегација во Иран. Нашите молитви до Семоќниот Алах се со претседателот Ебрахим Раиси и делегацијата што го придружува. Како сосед, пријател и како братска земја, Република Азербејџан е подготвена да понуди каква било потребна помош,“ објави Алиев на Икс.

Од американскиот Стејт департмент соопштија дека со големо внимание ги следат информациите за хеликоптерската несреќа на Раиси. Како што пренесе Си-ен-ен и претседтаелот Џо Бајден бил информиран за деталите околу несреќата на иранскиот претседател.

Хеликоптерот во кој се превезуваше иранскиот претседател Ебрахим Раиси се урна додека минувал планински терен во густа магла на враќање од посетата на границата со Азербејџан.

Иранскиот министер за внатрешни работи Ахмад Вахиди кажа дека хеликоптерот бил принуден да слета поради магливите временски услови.

„Спасувачките групи се движат кон областа, но со оглед на тоа што е магла и лоши временски услови, може да потрае некое време додека да стигнат до местото каде што е хеликоптерот. Контактиравме со придружниците на претседателот, но комуникацијата е отежната и немаме точни информаци“, вели Вахиди.

Во конвојот од три хеликоптери бил и иранскиот министер за надворешни работи, а официјален претставник за Ројтерс изјавил дека се уште не се знае во каква состојба е Раиси.

„Сè уште се надеваме, но информациите кои доаѓаат од местото на несреќата се многу загрижувачки“, изјавил анонимен официјален претставник на Иран.

Раиси патувал во Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…