Објавено на:

Ѓоковиќ го бетонира сопствениот рекорд: 426 недели на врвот на АТП листата!

t

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, овој понеделник ја започна 426-та недела на врвот на АТП листата, со што дополнително го „зацврсти“ сопствениот рекорд. Српскиот ас има 9.860 поени, зад него е Италијанецот Јаник Синер со 8.770 поени, додека трет е Шпанецот Карлос Алкараз со 7.300 поени.


Раната елиминација на Новак Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим предизвика тој да загуби 130 поени, но бидејќи и Синер и Алкараз загубија бодови поради неучеството на турнирот во Вечниот град, апсолутно ништо не се смени на самиот врв на АТП-листата.
Новак оваа недела првпат ќе игра во Женева на турнирот од Серија 250, но јасно е дека освојувањето нови бодови не е приоритет, туку исклучиво израмнување и подобрување на формата пред Ролан Гарос, кој ќе започне следната недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…

ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…

Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…

СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…

Како одговор на Ѓоковиќ „Голема Албанија“ на…

„Фејсбук“ профилот на Асоцијацијата на тениски професионалци…