Велешанец погоден од куршум додека собирал печурки
Маж од Велес собирал печурки и почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед, од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.
„Во СВР Велес во саботата во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје“, информира Татјана Ѓуровска од СВР Велес.
Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски на завршниот митинг во Брвеница: Филипче…
Изборите во Брвеница се и порака за…
Северна Кореја тестираше нов торпедо опремен со…
Северна Кореја успешно тестираше подводен систем со…
(Видео) Супертанкер со повеќе од два милиони…
Силна експлозија и голем пожар зафатиле супертанкер…
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Еротеј
Другар на Св. Дионисиј Ареопагит. Верата ја…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува…