Цената на златото достигна ново рекордно високо ниво
Светската цена на златото повторно порасна на ново рекордно високо ниво, бидејќи денеска на берзата во Њујорк достигна цена од 2.449,89 долари за унца.
Како што пренесува Ројтерс, растот на цената на златото е поттикнат од очекувањата дека американската централна банка ФЕД наскоро ќе ги намали каматните стапки поради минатонеделните податоци за забавување на стапката на инфлација во Соединетите Американски Држави.
ФЕД официјално не објави јасен став за каматните стапки, но инвеститорите веќе се обложуваат на нивно намалување.
Пониските каматни стапки од американската централна банка би го направиле златото попривлечно за инвеститорите.
Кинеската централна банка и другите светски банки продолжуваат да купуваат злато за да ги диверзифицираат своите резерви и да ја намалат зависноста од американскиот долар, што заедно со тензиите на Блискиот Исток дополнително ја зголемува цената на овој метал.
Порастот на златото беше проследен со раст на цената на среброто, која во 13 часот и 20 минути се продаваше за 32,015 долари за унца, што е највисока од 2012 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на становите во Скопје пораснаа за…
Цените на недвижностите во Скопје продолжуваат да…
Од следната недела значително намалување на цените…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави оти по…
Службеник на ЦИА украл над 300 килограми…
Дејвид Раш, поранешен извршен службеник во Централната…
Падна цената на златото на светските берзи
Падна златото на светските берзи. Цената за унца…
Златото денес чини 126 евра за грам
Цената на златото денес на светските пазари…