Претреси во Врховниот суд и на други локации, итна седница на Судскиот совет на полноќ
Вечерва на полноќ ќе се одржи итна седница на Судскиот совет, пренесува телевизијата „21“.
Според информациите, темата е осомничениот судија Наќе Георгиев, кој беше фатен со мито од 10.000 евра, велат од 21ТВ, а ќе се бара одземање на имунитетот на судијата.
Судијата Наќе Георгиев во моментов е во полициска станица Кисела Вода.
Претреси ноќва се прават на повеќе локации, како и Врховниот суд, канцеларијата која ја користел, информираат од 21ТВ
Сомнежот е дека судијата Георгиев ветувал олеснителни мерки во судската постапка која се води против екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој беше повторно уапсен, овој пат за шверц на марихуана.
Синот на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, во јавноста познат како „Боро Марлборо“ му ги носел парите на денеска приведениот судија во Врховниот Суд, Наке Георгиев, дознава неофицијално Инфомакс.
Инаку, Боро Стојчев претходно беше осуден на 18 месеци затворска казна поради шверц на цигари, но од затвор излезе по половина година поради намалување на казната, за кратко потоа да биде поврзан со дилери на дрога.
“Се поставува прашањето, дали на Боро Марлборо му беше намалена казната за шверц на цигари за да излезе на слобода и да може да тргува со дрога? Дали Боро Марлборо работел под директива или заштита на некој од власта“ – прашуваа од ВМРО-ДПМНЕ на партиски прес-конференции во март минатата година.
Според информациите на Инфомакс, Боро Стојчев и претходно се обидел да стапи во контакт со врховниот судија Георгиев со цел да добие негова помош за случај, по што неофицијално бил одбиен од Георгиев.
„Денеска (20.05.2024 г.) лишен од слобода е судија од Врховниот суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание. Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамашни насоки од надлежен јавен обвинител“, се вели во информацијата од МВР од каде посочија дека судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело и дека се чекаат натамошни насоки од надлежен јавен обвинител.
Како што претходно беше објавено, Наке Герогиев бил фатен со сума од 10.000 евра, по претходна пријава од лице кое тврдело дека му барал мито.
Наке Георгиев, инаку, не се повикал на својот судски имунитет, со кој му се гарантира правото на слободно движење и нелишување од слобода од страна на МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ од претресот во Академија за…
„Претресот„ во Академијата за судии и јавни…
ПРЕТРЕС во Академијата за судии и јавни…
По наредба на судија на претходна постапка,…
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер
На 19.07.2024 во 15.30 часот во Скопје,…
Претрес во велешко Сојаклари, едно лице е…
На 05.06.2024 во 23.45 часот, полициски службеници…
Претрес во Скопје, приведени двајца дилери
Денеска (28.05.2024), полициски службеници од СВР Скопје…