Кина го честиташе изборот на Гордана Силјановска за претседател

t

Претседателот на НР Кина Си Џинпинг упати честитка до Гордана Силјановска-Давкова по повод нејзиниот избор за претседател на Република Македонија, пренесува кинеската новинска агенџција Ксинхуа.

Кина и Македонија одржуваат длабоко традиционално пријателство, вели кинескиот претседател во честитката, додавајќи дека во последните години, практичната соработка меѓу двете земји постигна солиден напредок и донесе придобивки за двата народа.

Истакнувајќи дека високо го цени развојот на билатералните односи, Си Џинпинг истакнува дека е „подготвен да работи со својата колешка од Македонија за продлабочување на меѓусебната политичка доверба и проширување на размената и соработката, со цел пријателските односи меѓу Кина и Македонија да се подигнат на ново повисоко ниво“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

САД и Кина започнаа нова рунда трговски…

Кина и САД започнаа нова рунда трговски…