(Фото) Повторно каменувано српско училиште во Косово
Група младинци Албанци уште еднаш го каменуваа Основното училиште „21. Ноември“ во Гојбуља кај Вучитрн, на Косово и Метохија, при што во таа прилика било скршено стаклото на влезната врата и една камера, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија и нагласи дека тоа не може да се сфати поинаку освен како отворена закана за Србите на Косово.
Вакви и слични напади, кои се речиси секојдневни, се резултат на антисрпската политика на Албин Курти, оцени Канцеларијата за Косово и Метохија и потсети дека ова не е прв напад врз училиштето.
Истата група млади Албанци, кои синоќа го каменуваа училиштето, тоа го правеа два до три пати годишно во минатото, при што ги кршеа вратите, ги кршеа стаклата и испишуваа погрдни графити на училиштето, се вели во соопштението. Се додава дека, иако полицијата, КФОР и ЕУЛЕКС секогаш биле соодветно информирани за нападите врз училиштето, а снимките од камерите ги забележале сторителите на инцидентот, злосторниците до ден денес не се санкционирани.
Канцеларијата повторно апелираше до меѓународните мисии да ги засилат своите активности и да преземат видливи и решителни чекори со цел да се осигура безбедноста на Србите и српските институции и да се спречи насилството.
За овој случај за Косово онлајн зборуваше и директорот на училиштето Вукашин Митровиќ кој изјави дека случајот е пријавен во полиција.
„Полицајци дојдоа да истражат, имаше и полицајци од српска националност, а подоцна дојде и КФОР. Инспекцијата од Приштина ја снимила снимката и ќе видиме што ќе биде понатаму со тој случај, дали ќе ги изведат тие сторители пред лицето на правдата или не. Направена е материјална штета, инспекторатот даде проценка, некаде околу 200 евра, па што се однесува до тоа истрагата е завршена, сега само ги чекаме резултатите“, рече тој.
Училиштето, како што наведе, има мал број ученици, околу петнаесетина, а стравот е присутен кај родителите, децата и вработените во училиштето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…
Рација на косовската полиција во филијалите на…
Косовската полиција изврши рација во филијалите на…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…
Фејсбук „војна“ меѓу Пацоли и советникот на…
Пацоли во саботата рече дека шефот на…