Објавено на:

„Политико“: Амбасадата на САД во Лондон должи повеќе од 14 милиони фунти за неплатени такси за сообраќај

t

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Лондон должи повеќе од 14 милиони фунти за неплатени такси за сообраќај, најмногу од која било амбасада во главниот град на Обединетото Кралство.
Јавниот транспорт за Лондон во соопштението рече дека американската амбасада акумулирала долгови од 14,6 милиони фунти во текот на изминатите 20 години, кога беше воведен надоместокот за сообраќајниот метеж во главниот град на Обединетото Кралство.


Се вели дека иако повеќето амбасади во Лондон ја плаќаат таксата, „тврдоглавото малцинство одбива да го стори тоа, и покрај предупредувањата преку дипломатски канали“.
Наплатата за метеж во Лондон е воведена за да се олесни сообраќајот во главниот град и таа важи за повеќето возила во работните денови од 7 до 18 часот и за викендите од 12 до 18 часот, пишува бриселскиот портал „Политико“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава:…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател…

Трамп: САД не ја поддржуваат независноста на…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…

Трамп: На САД не им е потребна…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на…

Трамп на 19 ноември планира одделна средба…

Американскиот претседател Доналд Трамп планира на 19…

Рубио и експертите тврдат: Технолошките прекини што…

САД не се под системски напад, изјави…