Трагедија: Тело на машко лице извадено од водите на Вардар
Тело на машко лице синоќа било извадено од водите на Вардар во Скопје кај Центар, соопшти МВР.
Случајот бил пријавен синоќа околу 19:50 часот во СВР Скопје дека во реката Вардар, на подрачјето на Центар, било забележано тело на машко лице.
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го извадиле телото од реката. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје, наведуваат од МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за полицаец од Драчево –…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Кенија потврди 4 нови случаи на ебола
Кенија потврди четири нови случаи на ебола,…
РОМАНИЈА ГИ ПОДИГНА БОРБЕНИТЕ АВИОНИ Ф-16! Соборени…
Романски воени пилоти собориле две беспилотни летала…
(Видео) Насилни протести во Италија: полицијата употреби…
Италијанската полиција употреби солзавец против демонстрантите во…
ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без…
Гласањето во Брвеница денеска започна во 7…