(Фото) Куманово е во бело – погледнете што направи невремето во овој македонски град!

t

Интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер попладнево го зафати поширокиот кумановски регион. Во неколку села во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане имаше појава на град.

Од Регионалниот центар за управување со кризи – Куманово информираат дека е пријавена штета на кров од викендица во Младо Нагоричане и уништени се родни дрвца, во липковско има пријави на штети на земјоделски површини.

Во урбаните средини во Куманово поради големата количина на дожд и недостиг на атмосфера канализација водата се слева по улиците.

На улицата „11 Октомври” пријавена е поплава на дворно место во чија близина има трафостаница за што е информирана ЕВН, соопштија од РЦУК-Куманово.

Фото: Roberto Navali / Инстаграм

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанаки: Маносфера, Ендру Тејт wannabe мажиња кои…

Синоќа на скопските клиники, во животно загрозувачка…

Ѓорѓиевски: Скопјани ќе имаат единствена голема прослава…

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје, во…

Балканот зафатен од снег и ветер, во…

Повеќе делови од Балканот денеска се зафатени…

(Видео) Првиот снег веќе падна на Водно,…

Екипите на зимската служба на Град Скопје…

АМСМ: Останува на сила забраната за сообраќај…

Сообраќајот на државните патишта се одвива по…