Зеленски бара НАТО да ја соборува руската авијација над Украина
Северноатлантската алијанса мора да собори руски воени авиони и ракети над територијата на Украина, изјави украинскиот лидер Володимир Зеленски.
„Срушете го она што лета на небото над Украина и дајте ни оружје да го користиме против руските сили на границите“, рече тој во интервју за „Њујорк тајмс“.
Според Зеленски, ако силите на НАТО нападнат руски авиони или ракети над Украина од териториите на нивните земји, тоа нема да ја вклучи Алијансата во воена конфронтација со Русија.
Да потсетиме, група американски конгресмени предводени од претседателот на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, Мајк Тарнер, апелираа до министерот за одбрана Лојд Остин да ѝ дозволи на Украина да користи американско оружје за напад на руска територија.
Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ на 12 мај објави дека неколку германски парламентарци ја поддржале идејата за користење на западните противвоздушни системи од земјите на НАТО за да се спротивстават на руските ракети над Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…
НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…