Израел е бесен по серијата признавања на Палестина: Повлечени израелските амбасадори од Ирска, Шпанија и Норвешка
Израел ги отповика своите амбасадори во Шпанија, Ирска и Норвешка по најавата од овие три европски земји дека ќе ја признаат палестинската држава. Израелските власти ги поканија и амбасадорите на Ирска, Шпанија и Норвешка во Израел на разговор во текот на кој ќе гледаат видеа од киднапирањето на израелските војници на 7 октомври, пишува Би-Би-Си.
„Историјата ќе памети дека Шпанија, Норвешка и Ирска решија да доделат златен медал на убијците и силувачите на Хамас, кои силуваа тинејџерки и палеа бебиња. Наредив амбасадорите веднаш да бидат повикани на интервју за време на кое ќе гледаат ужасно снимки од киднапирањето за да им се илустрира каква извртена одлука донесоа нивните влади. Израел нема да помине тивко преку тоа, нивниот потег ќе има сериозни последици – рече израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…