Кафе не треба да се пие пред 9 ипол наутро, еве зашто
Кафе не би требало да се пие пред 9 ипол часот, открил невролог од „University of the Health Science“, Стивен Милер.
Ова го објаснил со фактот дека помеѓу 8 и 9 часот наутро нивото на кортизол во крвта е прилично високо.
Кортизол е хормон на стрес кој ја поттикнува работата на телото во фаза на будење и не прави будни. Стивен Милер препорачува утринско кафе најмалку 90 минути после будењето. Притоа, претпоставува дека стануваме околу 8 часот.
„Наутро кафето е најделотворно помеѓу 9 и 30 и 11 и 30 часот, кога нивото на кортизол во крвта е ниско“, рекол научникот. Објаснил дека тогаш телото полесно може да го преработи стимулирачкиот кофеин и нагласил уште еден факт кој го знаат малку луѓе, а тоа е дека оној кој внесува кафе во телото додека природниот хормон кортизол уште делува, може да развие отпорност кон кофеинот.
Кафето го намалува производствоtо на кортизол и ја снижува енергијата. Последица е тоа што кафето не делува како што треба па телото бара уште кофеин. Доколку станувате наутро пред 8 часот, нивото на кортизoл се подига порано наутро. Ако стануваме подоцна, нивото на кортизол се зголемува подоцна.
Сите се сложуваат дека кафето не треба да се пие доцна навечер затоа што кафето може да го поремети сонот шест часа по пиењето, иако врвот на нејзиното дејство го достигнува околу пола час по пиењето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црвен метео аларм во цела Србија поради…
Републичкиот хидрометеоролошки завод предупреди дека во Србија…
Денеска се празнуваат Светите седуммина младенци во…
Во времето на царот Декиј имаше големо…
Метео: Сончево и екстремно топло време!
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
(Видео) Мештани од село Вирово тврдат дека…
Пожарот на Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово…
Борис Џонсон: Дозволете Киев да гаѓа цели…
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон, коментирајќи го…