Затворени седумте избирачки места, излезеноста до 18:30 часот е 55,10 отсто
Од вкупно 4 514 запишани гласачи во седумте избирачки места, до 18:30 часот гласале 2 487
Во 19 часот официјално се затворија седумте избирачки места во изборните единици 5 и 6 каде што денеска се прегласува за парламентарните избори. Според последните ажурирани податоци на Државната изборна комисија (ДИК), излезеноста на седумте избирачки места до 18:30 часот е 55,10 проценти.
Од вкупно 4 514 запишани гласачи во седумте избирачки места, до 18:30 часот гласале 2 487 избирачи.
Во петтата изборна единица, каде што се гласа на шест избирачки места, излезеноста до 18:30 часот е 55,13 проценти, а во изборната единица 6, каде има прегласување на едно избирачко место, излезеноста е 54,98 отсто.
Најголема излезеност има на избирачкото место 1194 во Крушево (69,30 отсто). На избирачкото место 1844 во Струга излезеноста до 18:30 часот е 62,68 отсто. Следи избирачкото место 1470 во Долнени со излезеност од 55,47 отсто. На едиственото избирачко место во изборната единица 6 во Желино има излезеност од 54,98 проценти.
Следни се избирачкото место 1470/1 во Долнени со излезеност од 51,27 отсто и избирачкото место 1272 во Охрид со излезенсот од 50,07 отсто. Најмала излезеност има на избирачкото место 1202 во Крушево односно 33,22 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црното море станува се поопасно за трговските…
Нападите со дронови врз трговски бродови во…
Во недела АЛБЕРТА ОДЛУЧУВА ЗА НЕЗАВИСНОСТ ОД…
Во канадската провинција Алберта е распишан референдум…
Булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување, Ѓорѓиевски:…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…
СДСМ: Без табуа, со знаење – младите…
Соопштение за јавност На младинската трибина на…
(Видео) Четврти ден револуција низ Албанија: Студентите…
Студентите и средношколците продолжија и денеска, четврти…