За нив не важело – Ајде мајката: Груевски во 2016 го доби мандатот, но негов проблем е што не формираше влада, вели Села

t

Формулацијата „победник со победник“ е погрешна, правилно е „победник со мандатар“, рече лидерот на на Алијанса за Албанците, Зијади Села кој сега е во коалиција со ДУИ, споредувајќи ја сегашната ситуација со онаа од 2006 година.

– Груевски во 2016 го доби мандатот од Иванов да формира влада, но не формираше, а тоа е негов проблем. Не може да се споредува со сегашната ситуација, затоа формулацијата треба да се промени. Мандатарот ќе биде секогаш од македонскиот политички блок, како најголемата етничка заедница во државата што е нормално. Тој мандатар треба да формира влада или да се обиде да формира влада со победникот од албанскиот политички блок, а тоа е заради легитимитетот на таа влада, рече Села за „КликПлус“ на ТВ21.

Тој порача дека никој не може да ја згази волјата на албанскиот народ кој на овие избори јасно кажа на кого му дава доверба.

-Како никој што не може да ја згази волјата на македонскиот народ кој јасно се одлучи за ВМРО-ДПМНЕ, така ни тие, а и никој друг не може да ја згази волјата на албанскиот народ кој на овие избори ја даде својата „пресуда“ која е јасна, рече Села.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Од навредите кои Филипче ги упати…

 На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во…

Црно Море може да стане втора Ормуска…

Ситуацијата во Црното Море би можела да…

Путин ја откри следната цел на руската…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека следната…

Зеленски: Путин сака да ја уништи Украина,…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати остро предупредување…

Нов напад врз нафтената артерија на Саудиска…

Нова топлинска аномалија е регистрирана во близина…