ДУИ не го прифаќа резултатот од изборите откако изгубија еден пратеник
Во директно вклучување во Клик Плус на ТВ21, Арбр Адеми од Европскиот фронт синоќа рече дека не го признаваат резултатот од изборите, со оглед на тоа што ДИК се уште нема официјален резултат, пренесува ТВ21.
„До пред 5 минути не го знаевме резултатот, ниту можевме да стапиме во контакт со набљудувачите… симптоматично е што сега е 22 часот и да немаме официјално законски заклучен резултат само на едно гласачко место“, изјави Арбр Адми во Клик плус.
Државната изборна комисија (ДИК) синоќа ги сумира вкупните резултати од гласањето на парламентарните избори, вклучувајќи го и денешното прегласување.
Како што информира претседателот на ДИК, Александар Даштевски на прес-конференција, во изборната единица (ИЕ) 5 коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 74.287 гласови или 10 мандати, коалицијата „Европски фронт“ на ДУИ има 27.278 гласови или четири мандати, коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ доби 26.668 гласови или три мандати, Левица има 9.850 или еден мандат, коалицијата „Вреди“ 10.793 еден мандат и ЗНАМ 8.671 или еден мандат
Во ИЕ 6 „Европски фронт“ освои 53.731 глас или осум мандати, „Вреди“ 47.849 гласови или 8 мандати, „Твоја Македонија“ има 21.639 или три мандати, а „За европска иднина“ освои 6.414 или еден мандат.
Почнуваат да течат роковите за приговори до петок, 19 часот, а за сумирање и утврдување на резултите е до петок, 22 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…