Антикорупциската комисија до Јавното обвинителство поднела иницијатива за одговорност на Дамјановска Габер, директорката на Академијата за судии и обвинители
Државната комисија за спречување на корупцијата покрена иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и на Изборниот законик, соопштија денеска од ДКСК.
Надлежните институции имаат рок од 60 дена да ја разгледаат и да постапат по оваа иницијатива.
Потсетуваме дека ДКСК отвори предмет за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители, за време на изборите, за што утврдивме дека е спротивно на законите, а тоа практично го потврдија и Управниот и Вишиот Управен суд, кои ја отфрлија жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители.
Затоа, сметаме дека и оваа иницијатива е целосно оправдана и дека надлежните институции ќе постапат соодветно и во предвидениот рок, се вели во соопштението на Државната комисија за спречување на корупцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев ја тестира цела Европа: По ветото…
Бугарија и Унгарија ставија заедничко вето на…
Мерц: Ги поддржувам украинските напади врз руските…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ја поддржа…
ФФМ: Поведена дисциплинска постапка против Башкими, Муарем…
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија…
Нова жртва од западнонилска треска, бројот на…
Уште едно лице почина од западнонилска треска.…
Таткото на Ива со навреди кон Македонците…
Осудениот криминалец, Симеон Михаилов, татко на избеганата…