МЕТЕО НАЈАВА: За време на викендот, и тоа поради влијание на висински циклон повторно очекуваме врнежи, грмежи и невреме
За време на викендот кој е пред нас, и тоа под влијание на висински циклон од запад, во Македонија повторно Атмосферата позначително ќе се дестабилизира, и на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Повторно локално ќе се создадат услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може повторно да услови локални поројни поплавувања, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Нестабилно за време на викендот ќе биде и во Скопскиот регион, повремено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во делови од Скопската котлина повторно ќе има услови за појава на невреме.
Што се однесува до температурите, тие остануваат без промени и на повеќе места тие ќе се искачуваат до околу 25 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели и до близу 30 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…