Честитка од Сиљановска Давкова по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј

t

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј.

-Би сакала да упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник, 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј.

Од сè срце ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје, љубов и хармонија, исполнети со радост и со среќа што имаме можност да ги ползуваме плодовите на великото дело на солунските браќа. Благодарение на нив, словенските народи добија можност да ја развиваат својата духовност, култура, образование, наука. И македонската јазична и културна самобитност, но и светогледот и космополитизмот се втемелени од нивната работа и достигнувања, и од нивното човекољубие.

Светите Кирил и Методиј покажаа дека со знаење, жед за вистината, правдољубивост, посветеност, хуманизам и благородност, можат да се надминат ограничувањата и да се победат неправдите. Историјата на Европа и на светот нема премногу примери на така влијателни личности коишто имаат оставено печат на своето време, но и патоказ за иднината и кои се светилници на човечката цивилизација. Затоа нивното дело и по еден цел милениум не бледнее и не губи на значење.

Нека подвигот на светите браќа и понатаму бидe наш патоказ и морална и духовна вертикала за достоинствено и исполнето живеење, творење и создавање.

Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на Св. Кирил и Методиј, се вели во честитката од Сиљановска Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германската агенција за вработување се противи на…

Германската влада планира да ја преполови квотата…

Во Словенија откриена најголема нелегална фабрика за…

Во индустриската зона Тримлини во близина на…

Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…

Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…

(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…

Проф. Трајковски: Немам видено пациент/ка со спастична…

Немам видено пациент/ка со спастична параплегија што…