Ангелов: „Џафери ми рече ќе ме разреши, му реков нема никаков проблем, ама веројатно заборавил“
Стојанче Ангелов, директор на ЦУК, во DailyClick кажа дека пред да има најави дека ќе биде разрешен, сакал да поднесе оставка.
Потоа техничкиот премиер Џафери му кажал дека ќе го разреши, но даде интересно објаснување зошто не го сторил тоа.
„Сакав да поднесам оставка од директор на ЦУК уште пред изборите. Заминав кај тогашниот генерален секретар на СДСМ и му ја соопштив одлуката, затоа што Ковачевски имаше многу обврски. Меѓутоа тој се однесуваше државнички и ми кажа дека треба да останам на таа позиција затоа што одат избори и не треба тоа место да остане празно“, рече Ангелов.
„Џафери ми се јави и имав коректна комуникација. За 2001 секогаш ќе имаме различни сфаќања, сегашноста и иднината имаме слични сфаќања, доколку искрено се залага, и ми се јави и ми кажа дека ќе ме смени, и му реков дека нема никаков проблем. Следната седница на влада беше ставена точка за моја смена, и не знам зошто беше одложена за следната седница, и после навјеројатно заборавија“, рече Ангелов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Проф. Трајковски: Немам видено пациент/ка со спастична…
Немам видено пациент/ка со спастична параплегија што…
(Видео) Зеленски предупредува: Ако падне Украина, 20…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека евентуалниот…
Си-ен-ен за Македонија: „Прекрасна природа, спокојство, врвна…
Американската телевизиска мрежа CNN ја претставува Македонија…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
Клековски: Терапијата за мултиплекс склероза поблиску до…
Во Министерството за здравство денес се објавија…