Објавено на:

(Видео) „Германија на Германците, странците надвор“ како и нацистички поздрави – Млади Геманци го шокираа светот

t

Видеото од елитен германски остров на кое се гледа како луѓето извикуваат нацистички слогани и креваат тупаници на десницата стана вирално и предизвика бес.

Како што објави „Гардијан“, видеото објавено на мрежата „Х“ покажува група луѓе на островот Зилт, на северот на Германија, како заедно пијат и танцуваат на песната L’amour Toujours од Џиџи Д’Агостино. Сепак, некои од групата наместо стиховите ја извикуваа старата нацистичка парола „Германија за Германците, странците надвор“.

Еден млад човек ги имитирал мустаќите на Хитлер

Еден човек облечен во бела кошула ја подигнал десната рака во нацистички поздрав додека ги имитирал мустаќите на Хитлер ставајќи два прста над неговата уста. И слоганот и поздравот се незаконски и казниви во Германија.

Полицијата во покраината Шлезвиг-Холштајн соопшти дека го прегледува видеото и ќе постапи соодветно. Според досегашните информации, спорната песна ја пееле вкупно пет лица.

„Германија за Германците – странците надвор“

Слоганот „Германија за Германците – странците надвор“ е песна создадена во 19 век, користена од нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, а користена како слоган на кампањата на крајнодесничарската Национал-демократска партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…

Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…

Тие не заслужиле да се изнајми приватен…

Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…

Франција го блокира пристапот до израелските штандови…

Франција го блокираше пристапот до штандовите на…