Гаден предатор се шири низ Европа, дали ќе биде во опасност и Македонија?
Азискиот стршлен првпат се појави во Европа пред осум години и има репутација на гаден предатор кој е опасен за луѓето, а особено смртоносен за пчелите што ги десеткува.
„Вистината за азиските стршлени: колку навистина треба да бидат преплашени луѓето и пчелите?“, е насловот на написот на британскиот „Гардијан“ кој се занимава со споменатите инсекти.
Минатата година во Британија беа уништени 73 азиски гнезда на стршлени, а оваа пролет беше забележан уште во мај, еден месец порано од вообичаеното, што укажува дека тоа е прв пат да презимуваат на островот. За да бидат работите уште полоши, таа популација расте и во Белгија и Франција.
Азискиот стршлен е малку помал од матичниот европски стршлен, но поголем од осата. По изглед е црн и има карактеристични жолти нозе, односно портокалово лице, додека стомакот му е црн. Домашниот стршлен има жолт стомак. И двата вида се главно месојади – нивната храна се други летечки инсекти.
Проблемот со азискиот стршлен во Европа е што неговиот број не се контролира од други природни предатори или патогени. Пчеларите се особено загрижени, бидејќи азиските стршлени веќе се забележани како ги напаѓаат пчелите работнички во близина на нивните кошници.
– Кошницата со пчели е како супермаркет за стршлени. Еден азиски стршлен може да улови и изеде до 50 пчели дневно – коментира експертот за Гардијан.
Гнездата на азиските стршлени се невообичаено големи; до крајот на летото тие можат да пораснат до големина на лубеница. Секој може да содржи 8.000 стршлени, а едно гнездо од азиски стршлени јаде повеќе од 11 килограми други инсекти секое лето. Една пчела има маса од околу 116 милиграми.
– Тоа се навистина многу инсекти во средина каде што веќе сме загрижени за намалувањето на популацијата на пчелите. Влијанието врз биодиверзитетот може да биде многу значајно – коментира Иан Кембел од Британското здружение на пчелари.
Присуството на овие предатори им оневозможува на пчелите да бараат храна, па затоа не успеваат да добијат доволно нектар и полен за да ја преживеат зимата. Пчеларите во Португалија предупредуваат дека дури 50 отсто од нивните кошници се изгубени од азискиот стршлен, додека Французите дури една третина од смртноста на пчелните колонии им припишуваат на стршлените.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа
Во земјите од регионот денеска се активирани…
Цените на недвижностите и кириите во ЕУ…
Во последната деценија и половина, пазарот на…
Макрон одби да ѝ се обрати на…
Францускиот лидер Емануел Макрон нема да се…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…