Почнаа преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за учество во Владата
Вчера вечер во просториите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се одржа средба за соработка на работните групи на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и на ВМРО –ДПМНЕ, во состав: Горан Минчев, генерален секретар, Весна Бендевска и генерал Павле Арсоски потпреседатели на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и потпреседателите на ВМРО – ДПМНЕ, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски.
На состанокот се разговараше за стратешките определби, политичките начела и политичката платформа за соработка.
Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, својата платформа ја темели на идеолошките столбови на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, а тоа се Македонија современа, демократска, европска држава, втемелена на илинденските и асномските вредности, интеграција на земјата во Европската унија на достоинствен начин; потоа Република Македонија држава во која има правда за сите и нулта толеранција за корупција; Македонија како самоодржлива држава која ќе произведува доволно храна и енергија за своите потреби, забрзани и ефикасни реформи во економијата и социјалните политики во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и стабилни меѓуетнички односи.
Во разговорите претставниците на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија инсистираа сите овие определби, како и дел од програмата за парламентраните избори „Проглас за достоинствена Македонија“ да бидат дел од идната владина програма, соопштија од движењето на Димитриевски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…
Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…
(Видео) Мицкоски го знаел Нацев „само од…
Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во владата,…
СДСМ: „Журка со факли среде жалост: Како…
Додека цела Македонија тагува по трагедијата во…