Објавено на:

„Парада на гордоста“ во Скопје на 22 јуни под слоганот „Спектакуларно непослушни“

t

Под слоганот „Спектакуларно неспослушни“, во паркот „Жена борец“ во Скопје на 22 јуни оваа година ќе се одржи петтата Парада на гордоста. Најавено е дека рутата ќе биде иста како и изминатите години и се очекува да биде обезбедено високо ниво на безбедност.

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска на денешната прес-конференција посочи дека досегашните четири паради паради поминаа во најдобар ред, со максимално ниво на безбедност и со ниту еден инцидент.

-Бележиме два инцидента во текот на овие пет години кои што се случија после завршувањето на парадите на гордоста. За двата инциденти институциите реагираа навремено, а за едниот инцидент дури беше отворена постапка која што се водеше како кривично дело од омраза, што сметаме дека е исто така соодветен одговор од страна на институциите и позател за тоа дека државата сака да ги заштити правата на сите граѓани, рече Пировска.

Таа напомена дека се уште немаат официјална комуникација со МВР и посочи оти очекува и новата владејачка гарнитура да покаже дека оваа држава има демократски капацитети.

-Сега се наоѓаме во деликатна ситуација бидејќи се уште официјално не се завршени изборите. Знаете дека имаше прегласување на неколку места. Државната изборна комисија се уште не излегла со официјалните и крајните резултати од изборите, поради што и се уште немаме официјална комуникација со МВР за да ги почнеме подготовките околу Парадата. Тоа ќе го сториме оној момент кога официјално ќе бидат завршени изборите, рече Пировска.

Таа додаде дека во периодот што доаѓа ќе го следат говорот на омраза, за кој потенцираше дека секогаш е во пораст пред ваквите настани, и ќе ја информираат јавноста и институциите да преземат одредени мерки на претпазливост пред настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…

Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното…

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на…