OЈО постапува, пациентите чекаат за операции, министерот за здравство утре ќе се изјасни за неработењето на хируршките сали во Клинички

t

Деветти ден по ред хрирушките сали во најголемиот медицински комплекс во земјава се под клуч, а здравствените власти не можат да го решат проблемот со нерпијатната миризба која се ширела во оперативниот блок. Министерството за здравство со денови молчи и не ја информира јавноста што се случува во салите, која е причината за затворањето, но и што се презема за пациентите кои треба да се оперираат.

Министерот Илир Демири за утре напладне најави прес конференција на која се очекува да одговори на прашањата за хаваријата во клиничкиот центар.

Во меѓувреме обвинителството соопшти дека обвинител ќе проверува дали има елементи на кривично дело во случајов и дали постои основа да се поведе кривична постапка против некого.

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска реагираат и прашуваат зошто освен обвинителството, и здравствството не почне да го решава проблемот, но и дали причина за хаосот на Хирургија е системот за компримираниот воздух или има бактерија МРСА.

„Дали причината за затворање на салите навистина е системот за воздух и климатизацијата, за што цела недела нема зафат за надминување на проблемот или се работи за сосема нешто друго? Дали тоа друго можеби е појава на бактеријата МРСА? Дали има вонредна контрола за хигиена на одделот Траума? Дали брисевите од салите се негативни? Колку е зголемена инфекцијата на оперирани пациенти?“ , вели Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Контрола минатата недела на хирургија изврши и државниот санитарен и здравствен инспекторат, но инспекторите се прогласија за ненадлежни во овој случај.

Освен во скопскиот клинички центар, операциите се стопирани и во кумановската болница откако невремето од пред неколку дена предизвиика проблеми со водата, па и пациентите од Куманово се препраќаат во Скопје. Поради хаваријата во центарот „Мајка Тереза“ сите пациенти сега ги преземаат градските болници „Осми Септември“ како и „Свети Наум Охридски“. Во меѓувреме одговори чекаат и докторите, но и пациентите чии операции се одложуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на струјата останува иста до крајот…

Цената на електричната енергија до крајот на…

Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…

Интензитетот на нападите во Црното Море се…

Новата портпаролка на Трамп: Кина нема ни…

Портпаролката на Белата куќа, Кејти Захарија, која…

(Фото) Продолжуваат провокациите од Софија: Бугарски бот…

На социјалните мрежи се појавија координирани објави…

Пленковиќ: Две држави членки на Европската Унија…

Две држави членки на Европската Унија ѝ…