Макрон во Германија – прва посета на француски претседател после 24 години
Претседателот на Франција, Емануел Макрон допатува во Германија, што претставува прва официјална посета на еден француски претседател после 24 години. Последен кој го направил тоа е Жак Ширак, кој ја посети Германија во 2000 година.
Според „Асошиејтед прес“ оваа посета би требало да ги нагласи цврстите односи помеѓу водечките европски сили.
Оваа посета на Макрон требаше да се случи во јули 2023 година, но беше одложена поради нередите во Франција откако полицијата уби 17-годишен тинејџер.
Емануел и првата дама Брижит се гости на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.
Францускиот претседател за време на тридневната посета ќе отпатува во Берлина, Дрезден и Минстер.
За во понеделник е предвидена средба со канцеларот Олаф Шолц во владината резиденција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…
Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…
Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…
Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…
Путин ја презема одговорноста за нападите на…
Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…
Oбид за убиство во гостиварско Чегране
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…
Димовски: Србија го следи примерот на македонската…
Политичките случувања и протестните движења во Србија…