Објавено на:

Jа вознемирувал: Неготинец лишен од слобода поради непочитување на судска мерка и вознемирување екс партнерка

t

Неготинец бил лишен од слобода поради непочитување на судска мерка и вознемирување на поранешна партнерка, информираа денеска од СВР Велес.

– Вчера во 16.00 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода З.М.(42) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од страна на неговата поранешна 37-годишна партнерка од тој град. Според пријавеното, З.М. не го почитувал решението од Основен суд Неготино со мерка забрана за приближување, дошол во нејзиниот дом и по кратка расправија скршил прозорец од домот. З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека завчера во 22.00 часот, во ОВР Неготино било пријавено дека на улица „Киро Крстев“ во градот, во дворот од семејната куќа на Ѓ.Т.(43), по кратка расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.Т. и М.Ј.(32) од Неготино.

Полициски службеници излегле на местото, со двете лица бил извршен службен разговор и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија дала над 110.000 евра на здруженија…

Од 2023 година, Управата за дијаспора на…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Претставници на Шкендија Арачиново беснееле во соблекувалната…

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по…

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…