Повторно нема „Македонија“ во соопштението – Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Халман Марти

t

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Халман Марти.

На средбата беа разменети мислења за севкупната билатерална соработка меѓу двете држави, што ги поврзува традиционално и искрено пријателство засновано на соработка и меѓусебно почитување.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека во Швајцарија, со која годинава одбележуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, гледаме голем пријател и искрен сојузник во процесот на остварување на надворешнополитичките цели и приоритети.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова ја истакна важноста на швајцарската поддршка за македонските институции, како на централно, така и на локално ниво, но и за граѓанското општество и нагласи дека особено го цениме фактот што Швајцарија е наш најголем билатерален донатор.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата од натамошно зајакнување економската соработка, како преку натамошно унапредување на трговската размена, така и преку зголемување на швајцарските инвестиции.

На средбата беше посочено и на бројната македонска дијаспора во Швајцарија, како важен аспект во севкупниот развој на односите меѓу двете држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…