Осумгодишно девојче со хеликоптер пренесено од Скопје во Истанбул за операција

t

По неколкучасовен лет осумгодишно девојче од Охрид со дијагноза на напредна сколиоза успешно е пренесено во Спинален центар Истанбул со медикоптерот од ГОБ 8ми Септември.

Девојчето било лекувано во нашите здравствени институции, но по консултации на лекарите одлучено е понатамошниот третман да биде во Турција каде ќе му биде извршен оперативен зафат. По четиричасовната операција ќе следува третман на рехабилитација кој ќе трае две недели до еден месец.

– Заради тоа што пациентката е да кажеме во неподвижна состојба, транспортот е овозможен во лежачка положба е транспортирана заедно со еден родител, дека сепак е малолетно лице. Безбедно се пристигнати во медицинската установа каде што ќе треба да се спроведе хируршка интервенција,- – Христијан Костов -директор на ГОБ 8 Септември.

Д-р Костов потсетува дека транспортот за пациентите кои имаат ваква потреба е бесплатен и тој му следува на секој осигуреник во Македонија. Според протоколот потребно е да се испрати Барање за користење на медикоптерот до ЦУК на телефонскиот број 112.

– После пријавувањето во ЦУК се препраќа барањето до МВР, откако ќе се одобри употребата на хеликоптерот се препраќа до Министерство за здравство, односно тој препраќа барање до нас за да овозможиме медицинска придружба за транспорт од една медицинска установа кон друга или обратно,- – Христијан Костов -директор на ГОБ 8 Септември.

Ова е трет меѓународен транспорт на пациент со Медикоптерот „бел 212“ од одделот за воздухопловни едници при МВР кој е опремен со медицинска опрема за итен транспорт за високоризични пациенти, а беше промовиран во декември минатата година на хелиодромот на Општа Болница Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ројтерс: Наредбата за ограничување на Starshield за…

Одлуката за ограничување на пристапот на Украина…

САД подготвуваат план за употреба на „мајката…

Белата куќа подготвува планови за можна употреба…

Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…

Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…

Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…

Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…

Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…