Земјоделците го блокираа центарот на Струмица, бараат повисоки откупни цени на градинарското производство
Земјоделците од струмичко излегоа на улица и со трактори и приклучна механизација го блокираа центарот на градот. Револтирани се од моменталната состојба во градинарскиот сектор и ниските откупни цени. Велат, сезоната само што започна, а производството се откупува по цени под секоја пазарна логика.
Како конкретен пример ја наведуваат цената од 25 денари за доматите што била далеку под трошоците за производство. Бараат итни интервенции од државата и стопирање или регулирање на увозот од странство, посебно во екот на домашното призводство.
Проблемите и барањата на струмичките земјоделци ги слушна и дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски. најави средба и со трговците по што ќе се бара решение за проблемот. Тој вети дека за кратко, по формирањето на новата влада повторно ќе профункционира и законот за неделни откупни цени, а а инспекторте ќе бидат многу почесто на терен.
Последните десетина дена земјоделците од струмичко организираа серија протести. Прво започнаа производителите на млад компир, по што на улица излегоа и производителите на домати. Доколку не се најде решение најавуваат радикализација на протестите и блокади на магистралните патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ројтерс: Наредбата за ограничување на Starshield за…
Одлуката за ограничување на пристапот на Украина…
САД подготвуваат план за употреба на „мајката…
Белата куќа подготвува планови за можна употреба…
Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…
Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…
Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…
Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…
Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…