ДИК го одби приговорот на Европскиот фронт за прегласување во Леарце
По отворањето на гласачкиот материјал и повторното пребројување на ливчињата, Државната изборна комисија го отфрли приговорот на ДУИ со кој се бараше прегласување на избирачкото место 2101 во тетовското село Ларце во Општина Желино.
По прегласувањето на ова гласачко место на 22 мај, коалицијата на ДУИ изгуби едно пратеничко место на сметка на коалицијата Вреди. ДУИ се жалеше на неправилности во гласањето, утврдувањето и сумирањето на резултатите и тврдеше дека бројот на гласачки ливчиња не соодветствува со бројот на гласачи кои излегле на гласање.
По повторното пребројување беше констатирано дека фактичката состојба е иста како таа наведена во записникот.
За отфрлање на приговорот на ДУИ имаше 6 гласа, а само потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху, која е предлог на ДУИ, гласаше за прифаќање на приговорот.
Европскиот фронт, предводен од ДУИ, сега има рок од 24 часа за тужба до Управниот суд, а Судот одлучува во рок од 48 часа по поднесената тужба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…
Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…
Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…
Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…
Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…
Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…
Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…