Објавено на:

Верижен судир кај Долно Косоврасти, повредено лице пренесено во болницата „Свети Еразмо“

t

Попладнево кај селото Долно Косоврасти, на патниот правец Дебар-Маврово, се случил верижен судир на три возила во кој потешко е повредено едно лице.

-Сообраќајната несреќа се случила во 14:45 часот кога дошло до судир на две патнички и едно комби возило. Во несреќата повредена е жена од Гостивар, на возраст од 50 години, која управувала со патничко моторно возило „форд“. Други повредени лица нема, изјавија за МИА од дебарската полиција.

Според Јетлумт Пашоли, директор на дебарската Општа болница со проширена дејност, повредената била згрижена во оваа установа, по што била препратена за понатамошен третман во Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид.

Извршен е увид од страна на екипа на Полициската станица за безбедност во сообраќајот при ОВР Дебар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Претставници на Шкендија Арачиново беснееле во соблекувалната…

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по…

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Расте бројот на пациенти кои бараат помош…

На Клиниката за психијатрија во првите седум…