Објавено на:

Шолц се противи на употребата на оружје обезбедено од западните сојузници на Украина за напад на Русија

t

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека се противи на употребата на оружје обезбедено од западните сојузници на Украина за напад на Русија.

Шолц изјави за АРД дека во моментов не гледа причина за проширување на областа на употреба на западно оружје во војната во Украина, објави „Украинска Правда“. “, истакна Шолц во емисијата „Тагешау““, на германскиот јавен сервис.

Тој додаде дека ова е барем негов став.

Целта на неговата политика кон Украина е „да спречи ескалацијата на конфликтот во голема војна“, додаде Шолц, истакнувајќи дека досега Германија ја условуваше испораката на оружје за Украина со услов да не се користи на руска територија Генералниот секретар Јенс Столтенберг во петокот ги повика сојузниците да ја укинат забраната Украина да користи оружје на Алијансата во нападите врз воени цели на територијата на Руската Федерација.

„Сега кога се водат многу борби во Харков, блиску до границата, ускратувањето на можноста на Украина да го користи ова оружје против легитимни воени цели на руска територија, им отежнува да се одбранат“, рече тој во интервју за „Економист“.

Весникот наведува дека јасна, иако неименувана цел на Столтенберг била политиката што ја водел американскиот претседател Џозеф Бајден, со која тој ги одредува целите што Украина може да ги нападне со американско оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гренланд ги демантира тврдењата на Трамп за…

Гренланд денеска ја оспори изјавата на американскиот…

Нетанјаху: Нема да го нападнеме Иран пред…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не…

(Видео) ХАОС ВО ТИРАНА: Втора вечер судири…

Албанската полиција вечерва употреби водени топови против…

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: Дрон погоди…

Нов инцидент во Црното Море дополнително ја…

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската…

Контејнерскиот брод „GFS Pride“ потона во близина…