Лавров се закани на Америка и НАТО пактот и порача: Нашиот потег ќе ги вразуми
Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Лавров рече дека таквиот потег ќе биде продолжение на напорите на Пекинг за решавање на украинската криза.
Ние го делиме ставот (на Кина) дека треба првенствено да се решаваат основните причини за конфликтот и да се заштитат правните интереси на сите страни, со последователни договори засновани на принципот на еднаква и неделива безбедност, рече Лавров во интервју за руски медиуми.
Тоа, како што нагласи, „подразбира почитување на реалноста на теренот, која ја одразува волјата на луѓето кои живеат таму“.
Русија постојано повикува на преговори под услов Киев и Западот да ги признаат нејзините територијални придобивки во Украина. Киев ги отфрла тие предлози.
Русија повеќе пати повикуваше на преговори под услов Киев и Западот да ги признаат освоените територии во Украина.
Киев тие предлози ги одби. Лавров ја критикуваше и САД поради помошта на Украина, тврдејќи дека Вашингтон стана соучесник во злосторствата на киевскиот режим.
Тој воедно рече дека Русија смета дека планираната испорака на борбените авиони F-16, на наводно со нуклеарно оружје, е сигнална акција на НАТО.
Тие се обидуваат да покажат дека САД и НАТО нема да запрат пред ништо во Украина- рекол Лавров.
Сепак, се надеваме дека руско-белоруските вежби посветени на употреба на нестратешко нуклеарно наоружување, ќе направи нашите противници малку подобро да разберат и да да ги увидат катастрофалните последици од понатамошна нуклеарна ескалација – додал тој.
На Блискиот исток, рекол Лавров, САД исто така го разгоруваат огнот на судирот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…