12.985 лица заболеле од акутни заразни заболувања во 2023 година – Зголемување од 30% на заболените од крвно и сексуално преносливи болести

t

Во текот на 2023 година, пријавени се вкупно 12.958 заболени од акутни заразни
заболувања со вкупен морбидитет 705,5/100.000 жители. Бројот на регистрирани случаи на акутни заразни заболувања во 2023 е зголемен за 71,2% во однос на 2022 година кога беа регистрирани 7.567 случаи. Во десетгодишниот период од 2014-2023 година, најголем број на заболени се регистрирани во 2017 година, додека најмал број во 2021 година. Трендот покажува тенденција на намалување на бројот
на заболени што најверојатно се должи на КОВИД-19 пандемијата (2020-2022 година) и
нејзиниот импакт врз пријавувањето на заразните заболувања, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања во Република Македонија во 2023 година.

Во 2023 година, десетте најчесто пријавувани акутни заразни заболувања се регистрираат со 12.804 случаи и чинат 98,8% од вкупно регистрираните заразни заболувања. Инциденцата на вкупниот број на десетте најчести заболувања регистрирани во 2023.

Вкупниот број на заболени, заедно со случаите на ХИВ/СИДА на сексуално и крвно преносливите инфекции изнесува 209 случаи и инциденца од 11,4 на 100.000 жители. Се регистрира зголемување од 30,6% во однос на претходната година.

Во 2023 година, пријавени се вкупно 4.475 случаи на КОВИД-19, што претставува намалување од 96,6% во однос на 2022 година, кога се регистрирани вкупно 129.881 случаи на КОВИД-19. Во 2023 година, според место на постојано живеење/привремен престој, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во 35 градови – ЦЈЗ/ПЕ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје n=2.301, Прилеп n=375, Битола n=343 и Кавадарци n=307. Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители во 2023 година се регистрира во Кавадарци со 776,6/100.000 жители, Охрид (480,5/100.000) и Прилеп.


година изнесува 697,1 на 100.000 жители

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

Кардиолозите велат дека оваа масна храна е…

Научните истражувања покажуваат дека исхраната богата со…